Поповски: Не сум оптимист за датум на пролет и воопшто во 2020 година

Професорот и поранешен министер за финансии, Никола Поповски не е оптимист дека државава на пролет ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.

Во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, Поповски оценува дека, иако во македонските институции владее оптимизам за почеток на преговори со ЕУ на пролет, како оној од пред месец два, можно е не само на пролет туку и во текот на цела 2020 година да не добиеме датум за преговори.

– Во институциите на Македонија владее еден, прилично добар оптимизам, како впрочем што владееше и до пред месец два. Но, околностите не упатуваат објективно, независно ако се гледа на можноста за лесен оптимизам. Затоа што пролетва и во Европската Унија и во Македонија ќе се случуваат состојби кои нема да се поддудара една со друга толку лесно и брзо за да добиеме преговори. Имаме неколку политички и економски предизвици пред кои се наоѓаат и Македонија и ЕУ, за толку лесно да бидеме оптимисти. Мораме да признаеме дека нема да не изненади ако 2020 воопшто, ни на пролет ни на доцна есен не добиеме преговори. Јас не би бил изненаден, рече Поповски

Актуелната власт во Франција, вели професорот, нема расположение за проширување на Унијата бидејќи, меѓу другото, власта во Париз не би сакала влез на уште неколку држави во Блокот коишто би се стекнале со правото на вето при донесувањето на одлуките.

Како што вели Поповски, Франција долго време ќе го развива пристапниот механизам и ќе измислува разни причини за одложување на почетокот на преговорите.

Извор: курир.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *