Петров: Mожеме да потврдиме дека 2.5 години на СДСМ е повеќе од 11 на ВМРО ДПМНЕ

Нашите заложби се остваруваат! Донесовме историски одлуки, но и историски остварувања. Тоа што за многумина претходно беше невозможно, ние го направивме возможно – се пофали денеска на прес-конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Според него, Република Македонија е економски стабилна, сигурна и безбедна држава.

Денес, сите ние живееме во држава која гради мостови на пријателства и добрососедство. Денес, сите ние живееме во држава која стои рамо до рамо со најмоќните држави во светот. Ние сме држава членка на НАТО алијансата. Денес, сите ние можеме гордо да зборуваме за успесите кои ги постигнавме и тоа за само две и пол години.

Денес ние со факти можеме да потврдиме дека 2.5 е повеќе од 11. Затоа што за само 2 и пол години направивме многу повеќе од 11те години на ДПМНЕ. Факт е дека ја вративме нашата земја на мапата на светот. Денес светот зборува позитивно за нас и сите не посочуваат како блескав пример во регионот.Факт е дека нашите економски политики носат резултати и граѓаните ги чувствуваат придобивките преку зголемени плати, намалени трошоци, преку мерките за поврат на средства и помошта на најранливите категории на граѓани – рече Петров.

Извор: република.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *