СПЕКТАКЛ во НАЈАВА: А1 Арена ќе биде претесна за Балкански Фестивал во петок

Овој петок концертот насловен со име Балкански Фестивал е скоро целосно распродаден и дефинитивно ќе биде спектакл кој одамна не е виден во Скопје.

Senidah, Jala Brat и Buba Coreli, Coby, Krisko и Begeton Band и Слаткаристика во петок 20 декември во А1 Арена Борис Трајковски во Скопје ќе бидат дел од убедливо најголемата балканска предновогодишна журка. Најбараните балкански артисти во моментов, токму во Скопје на едно место ќе ја спојат енергијата со која последниве неколку години, буквално рушат рекорди на слушаност. На сцената во арената Борис Трајковски ќе го видиме Балканот на едно место. Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Бугарија и Словенија се републиките од каде што доаѓаат овие артисти.

Со вакви имиња, на една сцена во една вечер, несомнено Балкански Фестивал е журка која не смее да се пропушти затоа што сигурно нема да има реприза.

 

„Со тешки маки успеавме да ги организираме сите шесторица артисти во една вечер да бидат во Скопје затоа што се најбараните изведувачи во моментов не само во регионот туку и пошироко. Секојдневните настапи низ клубовите и дискотеки во регионот и пошироко во Европа, беа навистина тешка пречка за надминување. Но на крај, успеавме и на наше огромно задоволство го најавуваме Балкански Фестивал, настан кој што на спектакуларен начин ќе ја затвори концертната сезона во Скопје за 2019 година“ – велат од Балканска Продукција, продукцијата која што стои зад организацијата на овој фестивал.

На ваква богата музичка програма, организаторите најавуваат и дополнителни гости, изненадување за публиката што на 20 декември, ќе биде во А1 Арена Борис Трајковски.

Влезниците низ продажната мрежа на купи карти за се по цени од: 800, 900, 1000 и 1200 денари. Број за резервации: 074 203 203.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *