Сведок во „Титаник“ потвди дека македонските граѓани од Албанија ги исполнувале условите за добивање лични карти

Сведок во случајот „Титаник“, денеска потвди дека македонските граѓани од Албанија ги исполнувале условите за добивање лични карти.

-Лицата, односно граѓаните кои доаѓаа кај мене за сликање за добивање на лични карти имаа државјанство и пријавено живеалиште. Така да јас неможев да ги одбијам. Тие ги исполнуваа условите за добивање на лични карти, рече во судница сведокот Ацко Секуловски, кој во 2012-2013 бил вработен во управни работи при МВР Кичево.

Извор: курир.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *