Анабела и Андреј повторно заедно? (фото)

Пејачката Анабела Буква по седум години брак, во септември се разведе од Андреј Атијас со кого ја има ќерката Бланкица.

Како што истакна Анабела причина за нивниот развод не е трета личност туку нивните недоразбирања и тоа што сфатиле дека не можат да функционираат како пар.

Меѓутоа, ќерката на пејачката, Луна Ѓогани успеа повторно да ги спои Анабела и Андреј, а повод за нивната средба е новогодишното украсување во домот на Луна.

Освен Анабела и Андреј, во домот на Луна бил и нејзиното момче, Марко Миљковиќ, како и  Бланкица, па сите заедно учествуваа во предновогодишната еуфорија.

Дали Анабела и Андреј се смириле и повторно се заедно не знаеме, меѓутоа неодамна се појавија шпекулации дека Андреј ја моли Анабела да си дадат друга шанса.

Извор: вистина.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *