КУРИР истражува: Годинава 552 македонски државјани починале во странство- ова се причините

Природна смрт, сообраќајни или други несреќи, се причините од кои македонски државјани починале во странство. Од почетокот на годинава до сега се регистрирани 552 починати лица од Македонија во други држави ширум светот.

КУРИР во интерес на објективното и целосно информирање на јавноста, испрати прашање до Министерството за надворешни работи, од каде побаравме одговор на прашањето колку македонски државјани се починати во странство од почетокот на годинава до сега и од кои и какви причини?

-Ве известуваме дека согласно евиденциите во дипломатско- конзуларните претставништва имаме регистрирано 552 спроводници за пренос на починати државјани на Република Северна Македонија. Причините според поднесената документација се природна смрт, сообраќајни или други несреќи, кусо одговорија од МНР за КУРИР после 7 дена од кога им беше поставено прашањето.

На 15 септември се случи трагедија на Олимп- загина Македонец.

Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија.

Целиот текст на kurir.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *