На денешен ден – 5 ноември

1492 Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката.

1605 Во Англија се случил Барутниот заговор, познат како „Ноќта на Гај Фокс“, инспирација за познатиот филм V for Vendetta

1630 Со мирот во Мадрид заврши Англиско-шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно.

1854 Се одиграла Битката кај Инкерман во Кримската војна

1911 Италија ги анектирала турските покраини Триполитанија и Киренаика (во денешна Либија), како и островот Родос.

1912 Вудро Вилсон бил избран за претседател на САД, како единствен претседател во историјата на САД кој на изборите победил двајца поранешни претседатели — Вилијам Тафт и Теодор Рузвелт.

1914 Франција и Велика Британија ѝ објавиле војна на Турција.

1940 Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат бил избран за претседател на САД.

1956 Британските падобранци се спуштиле во Порт Саид за време на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет за контрола на Суецкиот канал. Со енергична акција на Обединетите нации и САД, агресијата била запрена, но оставила политички последици врз целиот регион и врз светот.

1968 Во МНТ била одржана премиерата на операта „Цар Самуил“ на композиторот Кирил Македонски.

1969 САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех.

1992 Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.

2009 Садам Хусеин е осуден на смрт. 2008 Барак Обама стана претседател на САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *