Дафина Стојаноска: Mасовно вработување во администрацијата пред избори

Власта на Заев е во очај. Катастрофата која ја создадоа се обидуваат да ја покријат со класична предизборна корупција на гласачите, па спроведуваат партизација на администрација на секое ниво.

Oна на денешната прес-конференција го потенцираше Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, која потсети дека во пресрет на изборите за 60% е зголемен бројот на огласи за работа во државни институции.

Од почетокот на месецот објавени се 52 огласи за работа во институциите и на централно и на локално ниво, без прецизирање на бројот на луѓе кои се бараат, а десетици други барања продолжуваат да пристигнуваат во надлежните органи.

Ова ли е „намалувањето на администрацијата“ кое го ветуваа и на кое работат? Во исто време кога се закануваат со откази на искусни кадри, се вработуваат илјадници роднини и партиски активисти со средства наменети за капитални инвестиции.

Патем на лицата во здравството им нудите договор кој вообичаено се користи за молеро/фарбарски услуги или хортикултурно есенско чистење.

Имено, работодавецот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавецот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа.

Докторите и медицинските сестри не се надвор од дејноста на болниците и во никој случај не смеат да им се нудат ваков вид на незаконски договори, изјави Стојановска.

Извор: република.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *