Неверојатно: Погледнете какво време не очекува следниов период

Метеоролошкиот сервис „Severe Weather EU“ објави дека температурите наскоро ќе бидат значително под просекот за оваа доба од годината, затоа што пристигнува многу студен арктички бран.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, многу студен арктички фронт кој се движи кон Европа ќе предизвика голем пад на температурите, а метеоролозите предвидуваат дека во поедини региони за само 24 часа температурите на воздухот може да паднат и за 20 степени Целзиусови.

Значајното заладување веројатно ќе донесе и многу снежни врнежи на Алпите и ќе предизвикаат бури на Медитеранот. Се очекуваат и големи количини вода. Поларниот студ веќе го зафати Балтикот и продолжува да се движи кон средна Европа.

Извор: republika.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *