Заев во момент на искреност: Ако немам контрола врз обвинителството, ќе ме потрупате со обвиненија

Зоран Заев пристиска по секоја цена обвинителката Вилма Рускоска да биде шефица на новото обвинителство, е една од информациите која излезе по лидерската средба во Собранието. На новинарското прашање дали е точно дека на снимките што се доставени има снимени разговори од Зоран Заев со сериозна содржина, Мицкоски одговори со личен впечаток од синоќешната маратонска средба.

Во еден момент Зоран Заев рече „А па вие ќе нѐ потрупате со обвиненија ако го прифатиме ова“. Човек што е сигурен во својата чесност, честитост законито работење нема таква изјава да даде, одговори Мицкоски.

Извор: република.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *