Пратениците на СДСМ гласаа против разрешувањето на Катица Јанева

Разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на пленарна седница во Собранието побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски со образложение дека предлог одлуката е едногласно изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата за прашања на изборите и имнувањата што се одржа на 5 септември и поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на обвинителката. Предлогот беше одбиен, а Мицевски побара пауза од еден час.

Пратениците го одбија предлогот за разрешувањето на Јанева да се распарава на денешната седница, при што пратеникот Мицески уште еднаш појасни дека причината за барањето за разрешување е тоа што денешната седница е последна во законскиот рок за разрешувањето на обвинителката, а тоа е 15 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *