Карапетров: Тетовските гимназијалци заборавени од државата

За една недела ќе започне новата учебна година, а повторно учениците кои ја следат наставата на македонски наставен јазик во тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ ќе се соочат со истиот проблем, повторно ќе бидат принудени наставата да ја изведуваат во објект на старото медицинско училиште во субстандардни услови.

Иако минататите години, СДСМ ветуваше изградба и доградба на постојната зграда за да го реши проблемот со недостиг на простор и нормални услови за изведување на наставата, до ден денес тоа не е реализирано.

Се сеќаваме на изјавата на Зоран Заев дадена на 5 октомври 2017 година во присуство на градоначалничката на Тетово Теута Арифи кога им вети на тетовските гимназијалци дека документацијата е готова и дека до крајот на 2018 година овој проблем ќе се реши.

Се сеќаваме и на изјавата на претседателот на Општинската организација на СДСМ Бобан Видоески, кој во 2018 година тврдеше дека одобрение за градба има, додека пак реализацијата на проектот ќе започне во септември 2018 година, но до ден денес не е закована ниту една шајка.

СДСМ ВЕТИ ЖИВОТ ЗА СИТЕ ! СДСМ ВЕТИ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ !

НО НЕ, СДСМ ЗА ЖАЛ МНОГУ ПОТФРЛИ !

На учениците Македонци не им се обезбеди трајно, современо и квалитетно решение, како што се ветуваше, и не се прифати предлогот и парите за референдум од кои се откажа Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да се реновира гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

По се изгледа образованието на учениците Македонци во Тетово за одговорните во СДСМ е во втор план. За жал, оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ, учениците Македонци во Тетово ги третира како лица од втора категорија на граѓани на РМ, лица кои не заслужуваат да добијат едно нормално образование во сопствената држава.
За жал, тоа е суровата реалност на тетовчани што дури и по речиси 3 години како е СДСМ на власт, а Теута Арифи скоро 2 години е градоначалник, не е воопшто почната планираната изградба на тетовската гимназија, ниту пак, има најава дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Вообичаено е владите во европските држави да се препознаваат како технократска , експертска влада, малцинска , концентрациона , но за жал, само оваа наша Влада предводена од СДСМ и ДУИ и нивните помали сателити ќе биде запаметена како РЕКЕТ Влада ( Рекетарска Влада ) или Ќе Влада.

Ангел Карапетров
Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *