АКУД „Мирче Ацев “ го најавува 40. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев го најавува 40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Оваа година фестивалот ќе се одржи во периодот од 22ри август до 26ти август на две локации – ,,Плоштад Македонија” – Скопје и ,,Плоштад – Млечен ресторан” со почеток во 20:00 часот. Учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Повеќе информации: http://bit.ly/31mXc4f

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *