Зошто италијанците живеат најдолго од другите Европјани?

Меѓу последните истражувања за Глобален здравствен индекс на Блумберг, жителите на Италија се меѓу најздравите во светот.

Многумина одговорот го бараат во нивниот животен стил и исхрана.

Тајната лежи во овошјето и зеленчукот кое тие го внесуваат во текот на денот во свежа форма, маслиновото масло и нивниот пристап кон храната – тие на оброкот гледаат како на задоволство и уживање, а не начин само да се наполни желудникот!

Луѓето од Италија денот ќе го почнат со квалитетно кафе и лесен појадок. денот не почнува со никакво оптоварување или прејака храна, а најголемата грижа веројатно е модниот избор!

Дел од секој ручек е маслиновото масло, тестенините подготвени на илјад аи еден начин, квалитетното сирење – од моцарела до пармезан, секогаш е прелиено со квалитетно вино. И во сето тоа се ужива, и тоа со мерка!