Внукот на Тито открил што му рекол дедо

Јошка Брзо. внук на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, открил што му признал дедо му дека е негова најголема грешка.

-После првата операција го прашав Тито која му е најголема грешка, а тој рече „Тоа што го пуштив Уставот од 1974 годоина. Десет дена стоеше кај мене на маса затоа што не го потпишував. А, тој Устав беше почеток и крај на Југославија и партиите и републиките“. Ми рече тогаш дека не сакал да го потпише, на моето прашање зошто не му ставил вето рече: „Јас како демократ не сакав да дозволам да бидам надгласан во Собрание. А, можев да ставам вето. Грешка беше што не ставив“ – вели Јошка Броз и продолжува:?

-Мика Шпиљак и Киро Глигоров го потпишаа Уставот, а целата приказната ја протуркаа Кардељ и Стева Крајачиќ. Стева Крајачиќ е човек кој работеше од позадина во сенка, кој го намести Ранковиќ и многу други. Успеа да го скара Тито со најблиските луѓе, а еве како. Доаѓа и вели: „Марко, слушај треба кај Тито да се постават некои уреди. Години се во прашање, знаеш дека може нешто да му се случи, а ние да не видиме. Просто да имаме контрола“. – се присетува Јошко.

-После Ранковиќ е сменет, а тие уреди се поставени во купатилата. Ранковиќ еден лош збор нема кажано за дедо ми. Тие беа кумови. И после тоа менување тие останаа верни еден на друг, биедејќи двајцата ја знаеја позадината на се. Тоа и мене Ранковиќ ми го кажа – раскажал Јошка во ТВ емисија.

Внукот на Тито рекол дека еден дел и Јованка е виновна за тоа што подоцна таа и Тито се разделиле.

-Е, сега приказната дека Јованка беше жедна за власт е лага. Таа него исклучително многу го сакаше и во еден момент таа љубов премина во параноја. Таа сакаше него да го заштити. Во таа желба претеруваше со многу работи. Така дојде и до оној список на генерали кои таа го направи со Јовановиќ за да бидат најблиско обезбедување за да го заштитат Тито. Тито многу ја сакаше Јованка и тој никогаш официјално не се разведе он неа. Тој ѝ велеше дека таа треба да се грижи за домот и вработените, а не за политиката. Имаше голем притисок Јованка да не присуствува на погребот. Ниту пак да не се погреба покрај него. Јас велев дека она има право на тоа, бидејќи му беше законска жена. Живењеше под тортура, само за да не го објави сето она што го знаеше – вели Јошкка.

Јошка ги демантираше приказните за смртта на Тито.

-Тие приказни дека тој не е погребан во Куќата на цвеќињата и дека не починал на 4. мај туку два месеци претходно се глупости. Дедо умре тој 4. мај На 3. мај вечерта веќе му паѓаа очните капаци. Почнаа да се мрдаат. Ги прашав докторитеж и тие ми рекоа дека тоа е последен рефлекс. Тито беше ставен во метален сандак кој е заварен. Не се двоев од тој ковчег до погребот. Кога беше завршен последниот дел од погребот не беше ставена плоча. После, ноќта во 2 часот дојде дизалица и таа плоча од девет тони ја стави, па дури тогаш заминав дома. И дедо ми не беше масон тоа се глупости -раскажал неговиот внук.