ВИДЕО: Почна да се облекува, па се тргна наопаку

Мајката Лаура од популарниот блог „Knee deep in life” и сака да ги следи трендовите, но и да ги испробува. Така посакала да проба латекс панталони кои беа популаризирани од сестрите Кардашијан.

Како и секоја мајка, таа сака да прави повеќе работи одеднаш, па додека се обидува да ги облече панталоните, во исто време ги потсњетува своите деца да побрзаат за да тргнат кога таа ќе биде готова.

Лаура направила се по пропис, вклучувајќи ја и бебешката пудра која ја нанела на нозете пред да ги облече овие панталони. Кога успеала некако да ги облече само се слушнал звук и панталони се скинале.

Оваа снимка ја прегледале над 6 милиони луѓе, а мајките ширум светот за неа имаат само пофални зборови, бидејќи ги покажува животот на еден родител без шминка и без разубавување, туку на реален и хумориостичен начин.

Погледнете ВИДЕО