Следниот неработен ден се паѓа во петок – Ова се останатите празници во Македонија

Следните 2 неработни дена за православните христијани се петок, 26 април, но и понеделник 29 април кој е неработен за сите граѓани по повод Велигден.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ: 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (среда), Ден на трудот, 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед: 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (четврток), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.