Опериран Саша Поповиќ: Директорот на „Гранд“ морал да оди на операција поради инфекција

Директорот на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ пред две недели го оперирал левото око.

Имено, по хирушки пат отстранет му е халацион од окото, пренесуваат медиумите.

„Изваден ми е вонземјанец со големина на грашок. Сега се е во ред“ вели Поповиќ.

Првиот човек на „Гранд“ побарал помош кога сфатил дека обичната инфекција се искомплицирана.

Тој прво го игнорирал проблемот кој му се појавил на почетокот на годината и продолжил да работи.

Целата продукција а воедно и главниот на неа, директорот Саша Поповиќ во моментов се преокупирани со ситуацијата во која се наоѓа Јелена Карлеуша, па така во интервју за српски „Курир“ Поповиќ рекол дека стравува за животот на Јелена затоа што кога отишол да и изрази сочувство не можел да ја препознае.

Јелена е скршена од болка, не може да зборува, не јаде, не пие. Беа многу блиски со Дивна, стравувам за нејзиниот живот, сакам да и помогнам, а не знам како. Пред да замине Дивна, само два дена претходно беа на ручек и се беше во ред. Сите мислевме дека метастазите се повлечени, затоа ова е шок за сите.