Какви се мајките што раѓаат деца и ги оставаат на улица?

Во јули, минатата година пред влезот на Домот за доенчиња Битола, обичен минувач пронајде женско бебе на возраст од околу една недела.

-За случајот беше известен Центарот за социјални работи Битола, а социјален работник излегол на местото и извршил разговор лицето кое го пронашол бебето и го предаде новороденчето во домот за доенчиња, информира од МВР лани кога јавноста беше згрозена од настанот.

Подоцна, полицијата за мајката на женското бебе откри дека е албанка и дека е жител на општина Тетово. Таа беше малолетна бидејќи немаше 18 години.

Јавноста памети и за грозоморен случај во Тетово кога мртво новороденчето беше оставено во тоалетот на Клиничката болница во Тетово.

Според мислењето на лекарите дадени на полицијата се работело за 36 годишната жителка на Групчин која најверојатно имала спонтано породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека таа се породила.

Од своја страна таа и нејзиниот 42 годишен сопруг тврделе дека таа не била бремена и оти не се породила.

Синоќа, во медиумите одекна вест за нов случај на оставено бебе. Овој пат во Топанско поле. Бебето било туку што родено и целото во крв кога го забележале минувачи на булеварот „Македонско-Косовско бригада“. Новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревникот. Во непосредна близина, на улицата, била фрлена и папочната врвца која ја пресекла мајката по породувањето.

Остануваат нејасни побудите на мајките што се решаваат да остават дете на улица, но останува социјалните служби да детектираат на време вакви или слични појави со цел да се минимизираат последиците како по родилките, така и по бебињата.