Еве зошто ништо не може да ја замени бабата

Не постои проблем, кој бабите не можат да го решат со чаша сок, колаче или приказна.
Исто така таа е најдобар готвач во градот и секогаш е подготвена да те најаде. Само бабата има толку многу љубов во себе и никогаш не ја штеди.
Никој не е толку подготвен да те сослуша како твојата баба. Без оглед за што зборуваш. На крајот секогаш ќе се согласи со тебе.
Задачата на родителите е да ги воспитуваат децата, а на бабите да ги размазуваат.
Никогаш нема да те пушти да излезеш од нејзината куќа без храна, пари и прегратка.
Бабите се единствени, затоа негувајте ги, почитувајте ги.