Четиричлено семејство моли за помош: Таткото со срцев удар со 3 илјади денари семејството го одржува во живот

Четиричленото семејство Конески од Скопје со години води битка со животот и егзистенцијата. Трајче и Моника се семејство со ниски примења кое е заборавено од државата и општеството. Трајче работи како градежен работник за само 12 илјади денари иако има преживеано срцев удар, а има и дискусхернија и дископатија поради што често му се укочува целата десна страна и не може да функционира.

Како што вели самиот од овие 12 илјади денари 9 одат на сметки, па практично со 3 илјади треба да го поминат цел месец, а тоа е невозможно. Тие имаат две деца, 10 годишен син кој исто така е болен и има потреба од терапија и 23 месечна ќерка на која покрај основните средства и се потребни и памперс пелени.

Синот Бојан, по совет од педагогот во училиштето го носат во Заводот за ментално здравје на деца и младинци, бидејќи има заостаток во развојот на мозокот, па не може да памти и прима терапија.

Условите во кои живеат исто така се ужасни. Ѕидовите се испукани, а горниот кат е полн со стаорци кои не им даваат да заспијат. Тие велат куќата мора да се реновира, но пари нема, па се плашат од тоа што ќе се случи доколку и таа се распадне.

Семејството Конески не се приматели на социјална помош, иако се обратиле до нив. Како што ги известиле од службата причината за тоа е фактот што не се во брак, а документацијата не можат да ја достават бидејќи немаат финансии за тоа.

И Моника исто така има здравствени проблеми со желудникот, па поради тоа очајно бара помош во секаков облик. Таа со години има чир на желудникот кој и создава многу големи болки но лекарствата вели не и помагаат.

Ова напатено семејство ги замолува сите хумани граѓани во нашата земја за помош. Најмногу им се потребни храна, хигиенски средства, памперс и останати средства за малата ќерка и парични средства за лекови.

Сите добронамерни и хумани граѓани можат да донираат средства на Жиро сметката: 250-0150003329-90 Шпаркасе банка на име Трајче Конески или на дебитната сметка 4001-02222-00028092 Шпаркасе банка истот така на име на Трајче Конески за донации од странсво.

Семејството Конески исто така изразуваат голема благодарност до црквата Св. Спас од Драчево која им помагала до сега, но ги молат граѓаните за повеќе.

Наталија Јосифоска