Овој маж тврди дека патува низ времето: 11 септември е наместен, уште помрачна е иднината!

Маж кој за себе тврди дека може да патува низ времето, како и дека е роден 2043 година, истакнува дека терористичкиот напад на 11-ти септември е наместен со цел обединување на Америка.

Тој терористички напад го извела Ал-Каеда и во таа прилика нападнати беа Кулите близначки во Њујорк. Настрадаа речиси 3.000 луѓе и тој настан претставува пресврт во современата историја, бидејќи САД влезе во борба против тероризмот.

Меѓутоа, човекот кој наводно патува низ времето верува дека сè било наместено, со цел земјата да се обедини и да тргне во војна.

Овој човек, по име Мајкл Филипс, исто така сака да го предупреди светот на низа настани кои не очекуваат во иднина, вклучувајќи и нуклеарна војна со Северна Кореја.

Филипс раскажал дека верува дека друг патник низ времето е виновен за настаните на 11-ти септември, кои ја спречиле Втората американска граѓанска војна.

Тој верува дека за тоа е виновен патник кој се вика Титол и кој се вратил во 2000-тите од 2038 година. Титол го направил тоа со цел да ја запре граѓанската војна во Америка која требало да започне 2008 година.

– Одлучено е дека на Америка и е потребен настан кој ќе ја обедини нацијата. Тоа беше 11-ти септември. Тој настан го промени временскиот ток и спречи граѓанска војна, рекол Филипс.

Во видеото објавено на Јутјуб каналот Apex TV Филипс раскажал и дека во 2019 ќе се случи кратка нуклеарна војна помеѓу САД и Северна Кореја која ќе заврши откако Американците ќе го убијат Ким Јонг-ун.

Последиците од тоа наводно ќе доведат до Трета светска војна во која Русија и Кина ќе војуваат против Велика Британија и Америка.

„Ќе се вклучат уште неколку земји, но тоа ќе биде многу кратка и брутална војна. Ќе трае само три години.

Ќе загинат милиони луѓе, а ќе биде користено и нуклеарно оружје со ограничен капацитет”, вели тој.

извор vecer.mk