Никогаш објавена фотографија: Мајка случајно го фатила моментот на експлозија на Кулите близначки

11-ти септември 2001 година е ден кој се врежа во сеќавањето на многу луѓе ширум светот. Тоа е најсмртоносниот терористички напад кој се случил на тлото на Америка, а околу 3.000 луѓе го загубија својот живот кога два авиони се урнаа во Кулите близначки.

Во текот на сите овие години, во јавноста се појавуваа многу фотографии од овој напад, меѓу кои се најдоа и оние кои се направени на Фотошоп.

Затоа е разбирливо да се појавува скептицизам секој пат кога ќе се појави некоја нова фотографија од 11-ти септември.

Слично нешто се случило кога еден корисник на “Reddit” поставил една таква слика. На неа е прикажано момче, а во позадината јасно може да се забележи една од Кулите близначки обвиена во чад, очигледно снимена непосредно по нападот.

“Се викам Остин Сансон и живеам на Менхетен, а ова е моја фотографија од 2001 година. Тогаш имав 4 години. За сите кои се прашуваат дали фотографијата е лажна или не, за жал, можам да ви кажам дека е вистинска”, напишал Сансон на “Reddit”.

Тој објаснил дека тоа утро неговата мајка го фотографирала и случајно успеала да ја фати глетката, неколку моменти по ударот на авионот. Бидејќи на фотографијата можат да се забележат луѓето како смирено шетаат, се претпоставува дека во тој момент никој не знаел за што се работи.