Најстарата порака во шише пронајдена на плажа во Австралија: Била на германски јазик, а еве што пишувало во неа

Најстарата порака во шише на светот ја пронашол пар на плажа во Западна Австралија, пишува “Independent”. Фотографката Тоња Илман во јануари го видела шишето старо 132 години сосема случајно, додека шетала низ песочните дини во близина на плажата на островот Веџ.

Подоцна рекла дека тогаш помислила дека шишето би можело “да изгледа убаво на полица во нејзиниот стан”. Внатре имало порака напишана на германски јазик, датирана на 12-ти јуни 1886-тата година. Сопругот на Тоња Илман, Тим, и помогнал да ја преведе пораката.

Музејот на Западна Австралија ја потврдил автентичноста на пронајдокот. Тие веруваат дека шишето бил фрлено од германски брод кој се обидувал да пронајде ефикасна рута за пловење.

Помеѓу 1864-тата и 1933-тата година, германските бродови фрлиле неколку илјади шишиња во морето во обид на тој начин да ги следат струите во океанот. Во пораките во шишињата биле наведени координатите на бродот, датумот и името на бродот. Во пораката се молеле и пронаоѓачите да напишат каде и кога било пронајдено шишето и да го врати во германската поморска опсерваторија во Хамбург или во најблискиот германски конзулат.

Од музејот го искористиле името напишано во пораката, “Пола”, за да ја потврдат староста на пораката. Го споредиле името на германскиот брод со дневникот на капетанот во метеоролошкиот журнал на бродот “Пола”.

Претходниот светски рекорд за најстарото шише бил 108 години, 4 месеци и 18 дена.

Шишето и пораката наредните 2 години ќе бидат изложени во Поморскиот музеј на Западна Австралија во Фриментал.

извор vecer.mk