Мајка објави фотографија од расплаканата ќерка (9) на Фејсбук, она што и го направиле на училиште ќе ве шокира

Насилството на децата врз другите деца се случува почесто отколку што мислиме и се зема здраво за готово зошто „тие се само деца”.

Една мајка не можела повеќе да го трпи злоставувањето на својата ќерка па одлучила сето ова да го сподели на Фејсбук.

Ќерката на Ејми Џонсон постојано дома доаѓала расплакана зошто во школскиот автобус ја малтретирале. Отккао разговорите со директорот на училиштето не вродиле со плод и насилството не престанало Ејми на Фејсбук објавила слика од својата расплакана ќерка за да покаже дека злоставувањето остава последици поголеми отколку што мислиме.

-Ова не е ОК. Мојата ќерка ја злоставуваат три исти момчиња во школскиот автобус откако се преселивме во Луисбург. За четири месеци доживеа три физички напади. Овој пат зеле шише со вода и со него ја удриле по глава. Ја нарекуваат грда и глупава. Првите два пати ми рекоа дека возачот на автобусот се видел, а директорот ветил дека ќе ги казни насилниците, но тоа не се случило. Ја повикав и управата за автобуси и ми рекоа дека овој пат тоа ќе го решат. Лажат! Знам дека не го решија! Мојата ќерка не заслужува на 9 години да ја злоставуваат! Научите ги своите синови да не ги тепаат жените! Поради ова девојчиња креваат рака на себе! Нема шанси да дозволам ова да се повтори. Ако некој не го запре ова, ќе се обратам до медиумските куќи и ќе се погрижам мојата ќерка да ја добие правдата што ја заслужува!

Се чини дека по оваа објава локалните власти го слушнале револтот на мајката зошто полицијата одлучи сепак нешто да преземе.